Навивачите на Јунајтед не можат да поверуваат колку загубени топки имаше Санчез

0
222

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед синоќа славеа на гостувањето против Кристал Палас (3:2) во натпреварот од 29. коло во Премиер лигата.

Црвените ѓаволи успеаа да направат голем пресврт во второто полувреме откако губеа со 2-0. Херојот на Јунајтед беше Немања Матиќ кој во последните моменти од натпреварот постигна фантастичен погодок за победа.

Меѓутоа, Навивачите на Јунајтед беа разочарани од играта на новото засилување Алексис Санчез. За Чилеанецот најмногу се зборуваше за време и после натпреварот, посебно за неверојатно лошата игра во првиот дел.

Сите беа во шок кога на полувреме ја видеа статистиката на Алексис. Имено, поранешниот играч на Арсенал во првото полувреме имаше дури 19 загубени топки.

 

Alexis Sánchez gave the ball away an astonishing 19 times in the first half. Shocking performance.

⚽🔵🔴⚪

Извор: Спортски

Коментирај