Навивачите на Арсенал бараат клубот да се ослободи од тројца играчи

0
290

Арсенал викендот во пријателски натпревар против Барселона беше поразен со 2:1.

Екипата на Унаи Емери добро го започна натпреварот и во 36. минута стигна и до водство кога Обамејанг погоди за 1:0, но во второто полувреме следуваше пресврт на Каталонците. Прво во 69. минута со автогол Барселона израмни на 1:1, во 90, минута Суарез постигна гол за 2:1 и Барселона победи.

Мустафи многу лошо реагираше за време на вториот гол и практично го остави сам Суарез кој на крајот постигна гол, а токму Германецот беше еден од трите играчи кои се најде на удар на навивачите по завршување на натпреварот. Трансфер периодот во Англија завршува следната недела, а навивачите на Арсенал бараат од Емери да ги продаде МустафиЏака и Микхтаријан.

Извор: sportski.mk

Коментирај