Науката открива 6 хoбија кои ќе ве направат попаметни

0
215

Долго време се веруваше дека луѓето се родени со одредено ниво на интелигенција и дека најдоброто што можеме да го постигнеме е да се издигнеме до тие граници на нашиот потенцијал и да останеме таму.

Научниците докажаа дека ние всушност можеме многу да го зголемиме нашиот природен потенцијал, исто како што можеме да го намалиме.

Сега веќе ни е познат фактот дека при учење на нови вештини мозокот создава нови нервни патишта кои прават да работи побрзо и подобро.

Ви нудиме листа од 6 хобија кои можат да ја зголемат вашата интелигенција:

1. Свирете на музички инструмент
Свирењето музика може слободно да се најде на врвот од пирамидата бидејќи помага во креативноста, аналитичките вештини, јазикот, математиката, моторните вештини итн. Покрај тоа што ќе се забавувате, со свирење ќе имате безброј други предности.

2. Читање
Предностите од читањето се исти без разлика на тоа какво дело читате. Тоа може да биде „Игра на тронови“, „Хари Потер“ , списанија или книга со едукативна содржина. Читањето го ослободува телото од стрес, правејќи да се чувствувате поубаво со себе си. Го развива секој вид на интелигенција – кристализирана, течна и емоционална. Затоа, посегнете по првата книга и почнете.

3. Редовно вежбање
Повременото вежбање нема ефект. Регуларното, од друга страна има многу повеќе ефикасност. Кога редовно вежбате, клетките се полнат со BDNF, протеин кој помага во меморијата, учењето, фокусот, концентрацијата и разбирањето. Ова исто така често се нарекува ментална острина.

4. Научете нов јазик
Заборавете на слагалици за да ја подобрите меморијата и научете некој нов јазик наместо тоа. Истражувањата покажале дека луѓето кои зборуваат на повеќе јазици се подобри во помнењето од останатите.
Тоа му овозможува на мозокот да изврши подобро било какви ментални активности, како што се планирање, решавање на проблеми…

5. Вежбајте го вашиот мозок
Судоку, шах, сложувалки, гатанки, видео игри, игри со карти и слични активности ја зголемуваат невропластичноста и опфаќаат широк спактар на промени во нервните патишта и синапси, што во основа е способноста на мозокот да се реорганизира.
Ова ни овозможува поголема способност да ги видиме нештата од различни гледишта и да ги разбереме предизвикувачите и ефектите од однесувањето и емоциите. Стануваме повеќе свесни за нашата когнитивна способност која на овој начин и се збогатува.


6. Медитирајте
Во 1992 година Далај-лама го поканил научникот Ричард Дејвидсон да ги проучува неговите мозочни бранови за време на медитација, да открие дали може да генерира специфични мозочни бранови по наредба.
Се открило дека кога ќе му се кажело да медитира и да се фокусира на чувство на сочувство, неговите мозочни бранови покажале дека се во длабока сочувствителна состојба на умот.
Медитацијата е најпривлечна за амбициозни луѓе бидејќи студијата имплицира дека ние можеме да ги контролираме нашите мозочни бранови и да чувствуваме што сакаме и кога сакаме.
Ова значи дека ние можеме да се чувствуваме повеќе моќни и самоуверени кога ќе посакаме и да бидеме поуверливи соговорници.
Различни активности ги стимулираат различните области на вашиот мозок, па можете да работите на тоа да станете непобедливо силни, како и да ги подобрите вашите слабости.

Извор:Hybread.mk

Коментирај