Науката ги потврди старите мудрости

0
789
X-ray image of a human head brain

Постојат многу работи за коишто мислиме дека се „бабини деветини“ или неосновани глупости, но медицината застана на нивната страна. Многу работи кои ви ги кажувале уште како дете, се покажале како точни и корисни совети…

Затоа, слушајте ги постарите!

Појадокот е најважниот оброк во денот!

Овој оброк го придвижува метаболизмот, го крева нивото на шеќер во крвта до најздравото ниво, а и докажано е дека луѓето кои појадуваат живеат подолго.

Рибата е храна за мозокот

Омега-3 и Омега-6 масните киселини кои ги има во рибата се исклучително благотворни за мозокот и неговите функции.

Долго породување – ќе родите момченце

Ако „носиш„ момченце поголема е шансата породувањето да трае подолго, велеа нашите баби, а денес статистиката потврдува дека тоа е така и дека ризикот од компликации е сепак малку поголем кога сте бремена со машко.

Не чини да се голта гумата за џвакање

Ако проголтате гума за џвакање тоа може да доведе до блокада на цревата, но и други компликации.

Жешката купка ги смалува шансите да направите дете

Ова се однесува на мажите – кога премногу време ќе поминат во топла вода се смалува бројот на сперматозоиди.

Студот предизвикува настинки

Истражувачите откриле дека стоењето во студени простории е клучно за настинка, а тоа најмногу се однесува на бањите. Оние кои ги топлат бањите се помалку склони на настинки.

Едно јаболко на ден

Ова овошје е вистински борец против низа заболувања, а корисно е особено за оние кои боледуваат од рак. Затоа применувајте ја оваа старинска мудрост секој ден.

Морков за видот

Секако, морковот не може да го излекува слепилото, но бета каротенот го смалува ризикот од слабеење на видот во староста.

Пилешка супа за здрав живот

Има антивоспалително дејство, ги смирува воспаленијата на респираторните органи и затоа бабите биле во право кога велеле деке е одлична во битката со настинките и грипот.

„Не пливај со полн стомак“

Кога јадете, крвта се спушта во желудникот, а кога вежбате таа тече, што значи ако влезете да пливате со полн стомак може да добиете грчеви.

Што велите? Биле ли во право нашите баби и дедовци?

www.hybread.mk

Коментирај