Науката докажува: Прегрнете ги саканите, тоа ќе ве направи поздрави и посреќни

0
155

Прегратките се одличен начин да им покажете на луѓето дека се грижите за нив, но и да им помогнете за време на болка или пак некаква прослава. Сепак, научниците докажаа дека освен тоа, тие имаат одлични бенефити за нашето здравје.

Помагаат да се намали стресот: Според едно истражување спроведени на универзитетот Карнеги Мелон, ги чувствуваме бенефитите од прегратките дури и по 24 часа. Истражувачите на одделот за психологија докажале дека тие се одлични за намалување на нивото на кортизол, кој претставува хормон на стресот.

Штитат против болести: Можеби звучи неверојатно, но различно истражување на истиот универзитет докажало дека тие можат да спречат да се разболиме од настинка. Тие докажале дека прегратките се одличен податок за тоа како стресот влијае на нашето физичко здравје и со намалување на стресот, ги намалуваме и ризиците од грип и настинки, но и други посериозни заболувања.

Помагаат да ги подобрите односите со другите луѓе: За време на прегратките се лачи окситоцин, кој се нарекува и љубовен хормон. Тој ни помага да изградиме подобри односи со луѓето околу нас и игра голема улога кај жените, по породувањето. Освен подобрување на врската меѓу мајката и бебето, овој хормон придонесува за подобрување на довербата меѓу луѓето кои се во врска или брак.

Ја намалуваат анксиозноста: Без оглед на тоа дали се чувствувате нервозно пред некој настан или пак се соочувате со друг вид на нервоза, прегратките можат да придонесат значително за подобрување на расположението и намалување на нервозата.

Освен тоа, прегратките се покажуваат како многу корисни кај оние лица со анксиозност и депресија, но и аутизам и шизофренија.

Извор: СкопјеИнфо.мк

Коментирај