Научно откритие: Дебелината негативно влијае и на мозокот

0
212

Општо познато е дека прекумерната телесна тежина има штетно влијание врз здравјето. Вишокот на килограми значи поголем ризик од мозочен удар, карцином, дијабетес тип 2, срцеви болести, висок крвен притисок, замастен црн дроб и проблеми во бременоста.

Научниците неодамна открија дека дебелината негативно влијае и на мозокот. Во поодминати години, мозокот на дебелите луѓе може да биде и до 10 години постар отколку кај луѓето со нормална тежина.

Истражувањето го направија научници од универзитетите Кембриџ и Јеил и експерти од Кембриџ центарот за стареење и неврологија.

Тие во текот на 5 години анализирале податоци на повеќе од 500 луѓе стари помеѓу 20 и 85 години. Сите учесници биле здрави возрасни лица. Тие биле поделени во 2 групи, слаби и оние со прекумерна тежина.

Врз основа на снимките на мозокот, научниците ги реконструирале структурите на мозокот и ја мереле врската помеѓу анатомијата на мозокот и телесната тежина.

Кај дебелите луѓе, белата маса во мозокот била повеќе атрофирана, односно со помала големина.

Максимална атрофија имало кај средовечни луѓе, кај нив мозокот бил во состојба на 10 години постари луѓе. Откритијата укажуваат на тоа дека прекумерната тежина може да го забрза стареењето на мозокот и да го зголеми ризикот од невродегенерација, што значи губење на невронската функција и негово изумирање.

Коментирај