НАУЧНИЦИТЕ ВО ПАНИКА: На најдлабокото место на планетата пронашле вознемирувачки знаци

0
392

Научниците од Универзитетот во Њукаслл дошле до шокантни откритија за време на истражувања на долината Челенџер Дип во Маријанскиот ров, познати како најдлабоките точки на Земјата.

Тимот прв пат пронајде пластика во стомаците на морските суштества на дното на океанот, што значи дека веќе не постои дел од светските океани до кои не стигнал човечкиот отпад.

Секое суштество пронајдено на длабочина од 10.890 метри во својот организам внело бар некој вид од вештачките материи, вклучувајќи најлон, ПВЦ и ПВА.

Докторот Алан Џејмисон, професор по маринска екологија и водечки научник на истражувањата, кажа дека резултатите се прилично загрижувачки и бараат итна акција.

Тимот тестирал 90 видови на морски животни во неголку ултра длабоки ровови во Пацификот, Маријанскиот ров, Изу-Бонин вулканскиот ров, ровот Перу-Чиле, ровот Нови Хебриди и ровод Кермадек.

Во секој од тие суштества се пронајдени работи кои ги изеле, некои видови на вештачки влакна или пластика, од 50 проценти на Новите Хебриди, до 100 проценти во Маријанскиот ров.

-Ѓубрето кое завршува во окените доаѓа до неговите најдлабоки точки, а еднаш кога ќе потоне на нивното дно, тука и останува. Тоа значи дека количината на пластика во рововите непрестајно расте, што е многу загрижувачки. Станува збор за проблем од глобални размери, вели Џејмисон.

Во океаните секоја година завршува повеќе од осум милиони тони пластика.

Научниците претпоставуваат дека во морињата моментално има околу 300 милиони тони пластичен отпад, а дека до 2050 година во окените ќе има повеќе пластика отколку риби.

Според предвидувањата на експертите, во водите се наоѓа отприлика 51 билиони микропластични честички, што е 500 пати повеќе од бројот на ѕвездите во нашата галаксија.

Поради загадувањето моментално се згрозени повеќе од 600 видови морски животни ширум свето, поради што многумина оваа појава ја нарекуваат период на шестиот помор на Земјата.

Коментирај