Научниците тврдат дека за околу 17 години, ќе можеме да бидеме бесмртни

0
135

Вечен живот – тема на која компаниите како Гугл трошат милионски суми за да ја истражат. Научниците постојано се соочуваат со предизвици, иако досега е дојдено до значајни откритија. Стравот од смртта ја поттикнува желбата кај луѓето за пронаоѓање на еликсири за бесмртност или начини за што повеќе да го пролонгираат својот животен век.

Со напредокот на науката, можеби наскоро ќе дојдеме до решението на овој проблем: Како да живееме вечно?

Во Северозападниот Универзитет во САД, научниците откриле како да го исклучат генот што предизвикува стареење. Иако оваа теорија е тестирана само на црви, а разликата помеѓу црви и човек е многу голема, сепак ова откритие е навистина важно.

Друго постигнување на науката е оживувањето на глувци со инфузија на крв од млади глувци. Истражувачите сметаат дека оваа процедура можеби би успеала и кај луѓето.

Обри де Греј, научник и автор на „Крај на стареењето“, работи на стратегија да ја отстрани смртта од нашите гени. Toj моментално работи на 7-те нешта кои предизвикуваат стареење, а тоа се:

1. Мутација на јадрото/епимутација: Мутации кои може да предизвикаат рак.

2. Мутација на митохондријата: 
Делови од клетките кои се важни за производство на енергија.

3. Отпад во клетката: Протеини кои не се правилно „дигестирани“ од нашите клетки.

4. Отпад надвор од клетката: Протеини кои се таложат надвор од клетките (мозокот на пациентите со Алцхајмерова болест).

5. Губење клетки: Клетки кои не можат да се регенерираат сами.

6. Клеточно стареење: Кога клетките ја губат способноста за поделба.

7. Екстраклеточни вкрстени врски: Губење на еластичноста на клетките и ткивата.

„Сметам дека бесмртноста ќе дојде од биолошкиот сектор. Со спречување на смртта на клетките и стареењето, зачувување преку криогеника или донатори, можеме да го продолжиме животот.“
-Волфганг Финк (истражувач од Универзитетот во Аризона)

5 начини на кои научниците веруваат дека можеме да станеме бесмртни:

1. Отклучување на моќта на гените: Кога ќе се реши мистеријата на гените, научниците можеби ќе го пронајдат генот на бесмртноста и ќе го „пресадат“ кај луѓето.

2. Клонирање: Клонирање делови од телото за замена на цело човечко суштество, за кое се верува дека е гранка на студиите за бесмртност, која е најраспространета.

3. Криогеника: Зачувување на организмот – болните луѓе може да бидат замрзнати сè додека не се пронајде лек за нивната болест.

4. Сајбер мозок: Телото можеби ќе исчезне, но умот може да биде прикачен на хард диск и да стане бесмртен. Главната улога во оваа идеја е проектот Русија-2045, според кој ова ќе биде возможно за само 17 години.

5. Поправање на клетките: Нано технологијата исто така еволуира, па можно е сите модификации и третмани на нашето тело да бидат изведувани од нанороботи. Можеби тие ќе можат да ги заменуваат клетките кои умираат, со нови.

 

Вечен живот преку медитација?

Даши-Доржо Итигелов е будистички лама роден во 1852-ра година, за кој се верува дека сè уште е во медитативна состојба и дека не е мртов, поради начинот на кој умрел. Тој им рекол на неговите пријатели свештеници да го започнат процесот на медитација и погребните ритуали додека седел во лотус положба, тврдејќи дека наскоро ќе умре.

Тој никогаш не се „разбудил“ од оваа медитација и до денес седи во истата лотус положба, имун на секаков знак на распаѓање. Луѓето веруваат дека тој е во некоја состојба како нирвана или хибернација.


Можеби медитацијата не може навистина да не направи бесмртни, но сигурно може да ни подари подолг живот.

Прочитајте повеќе за медитација.

Личности кои живееле надпросечен живот:
Џин Камент (1875-1997) – 122 години и 164 денови.
Шигечио Изуми (1865-1986) – 120 години и 237 денови.
Сара Деремер Кнаус (1880-1999) – 119 години и 97 денови.
Луси (Терел) Хана (1875-1993) – 117 години и 258 денови
Мери Луис Феброни (1880-1998) – 117 години и 230 денови.

Извор: brightside.me

www.hybread.mk

Коментирај