Научниците тврдат дека бојата на очи открива многу за вашиот карактер

0
1207

Изразот дека „Очите се огледало на душата“ иако звучи клише, изгледа има и вистина во него!

428 учесници биле изучувни од страна на научниците од Универзитетот во Оребро во Шведска. Тие испитувале дали има некаква поврзаност помеѓу особините на личноста и бојата на очи.

„Окото невролошки тесно е поврзано со мозокот што дури и може да се рече дека тоа е единствениот дел од мозокот кој можеме да го видиме однадвор“ вели Др. Антони Фалон од Универзитетот во Единбург. „Се чини дека очите ги содржат виталните индиции за функцијата на мозокот“

 

Кафени/црни очи

„Вие сте природен лидер, родени да ги предводите луѓето низ животот.“

Луѓето со потемна боја на очи влеваат доверба и затоа најчесто делуваат поотворени отколку останатите.

Не сакаат алкохол и сакаат да спортуваат. „ Слушајте го внатрешниот глас и ќе владеете со светот.“

Сини очи

„Вие сте физички и ментално силни. Останатите ретко можат да ја забележат болката во вашите очи па затоа и најчесто се случува да ве осудат уште пред да ве запознаат. Најчесто ве гледаат како слаби или срамежливи.“

Исто така, жените со сина боја на очи се повеќе издржливи на породилната болка, подобро се снаоѓаат со анксиозноста како и депресијата.

„Амбициозни сте и бистри, на професионален план ништо не може да ви застане на патот. “

Сиви очи

Сивите очи се навистина ретки. Доколку имате сиви очи, всушност тоа е боја на сино само малку послаба.

„Вие сте исклучително добро урамнотежена личност, но постои дел од вас кој понекогаш тешко можете да го контролирате. Имате силен одбранбен механизам и најчесто ги терате останатите да работат напорно за да поминат преку вашите бариери.“

Очи со боја на лешник

Уште една невообичаена боја на очи. „Вам уште од рана воздраст ви е кажано дека сте посебни. Имате тендеција да бидете независни, сигурни и спонтани. Тешко е да се предвиди вашиот карактер па затоа понекогаш знаете да бидете тешки во односот со другите.“

Зелени очи

„Ако имате зелени очи вие сте мистериозни и примамливи за околината. Луѓето со зелени очи често се сметаат за секси и впечатливи, но и непредвидиливи и агресивни. Креативни сте и добро работите под притисок.“

Извор:Hybread.mk

Коментирај