Научниците открија, ова е најниската температура на Земјата

0
257

Температура од мунис 98 степени научниците регистрирале во низа во долина на Антарктикот и сметаат дека тоа е веројатно најниската температура на Земјата.

Научниците во вторникот објавиле дека ја забележале најниската температура на Земјата некогаш измерена. Користејќи сателитски податоци експертите измериле дека во долина во источниот дел на Антарктикот е достигната температура од -98 степени Целзиусови.

Експертите сметаат дека оваа измерена температура е веројатно најниската можна на Земјата.

Со оглед на фактот дека не е возможно да се постави метеоролошка станица на ова подрачје, научниците истражувале сателитски податоци до 2003 до 2016 година за да може да утврдат колку е студено во тоа подрачје.

Иако Антарктикот е едно од најстудените места на планетата, сепак се чини дека некои негови делови се загреваат.

Коментирај