Научници: Дезодорансите, шминката и лаковите за коса во канцелариите 20 пати повеќе загадуваат од отворено

0
329

Научниците од Универзитетот Пурду во САД спроведоа истражување за чистотата и квалитетот на воздухот во канцелариите. Во четири канцеларии биле постевени сензори, кои го следат степенот на загадување на воздухот во затворен простор.

Тие откриле дека хемикалиите што ги испуштаат дезодорансите, шминката и лакот за коса многу придонесуваат за загадувањето, кое во канцелариите достигнало ниво дури 20 пати повисоко отколку загадувањето на отворено.

Дури е откриено дека соединенијата што се исфрлаат со дишење во затворен простор остануваат и откако ќе се испразнат просториите. Според нив, акумулацијата на загаден воздух може да предизвика замор, главоболки и иритација на респираторниот систем, особено ако не се проветруваат канцелариите во кои седат голем број луѓе.

Коментирај