НАСА во четврток ќе објави ново откритие на ловецот на планети Кеплер

0
64

Американската вселенска агенција НАСА за во четврток најави посебна конференција за новинари, а научната јавност и медиумите шпекулираат дека станува збор за докази за постоење на некој облик на вонземски живот, или пак за податоци околу откритие на ново настанати планети.

НАСА ќе одржи брифинг во четврток на кој треба да го објави најновото откритие направено од вселенскиот телескоп – ловец на планети – Кеплер.

Откритието го направија истражувачи кои ја користеле машината на Google за анализа на податоци. Оваа специјална машина е приод кон вештачката интелигенција и покажува нови начини за анализирање на податоците на Кеплер во потрагата по планети на кои би имало услови погодни за живот.

НАСА соопшти дека на брифингот ќе се фокусира на работата направена од телескопот Кеплер, заедно со системот за вештачка интелигенција на Google во потрага по потенцијално населени светови. Останува да видиме за какво откритие станува збор.

Коментирај