Нарачала торта „еднорог“ за својата ќерка, но она што го добила е срамно (ФОТО)

0
2557

Александра Шредер од Мичиген долго го планирала 5. роденден на својата ќерка, но вели дека се` се претворило во катастрофа поради слаткарницата од каде ја нарачала тортата во облик на еднорог.Од слаткарницата, покрај тортата, изнајмила и простор за 13 луѓе. За тоа платила повеќе од 350 долари, но вели дека слаткарницата обезбедила само една маса и 6 столчиња.Тортата пак, била далеку од очекувањата.

-Рогот кој излегуваше од тортата беше срамен. Се гледаа траги од прсти на него и не беше златен. Кога прашав дали може да ја видам тортата пред забавата ми рекоа дека не е готова, изјавила Александра која се пожалила на социјалните мрежи, откако од слаткарницата ја обвиниле дека таа и нејзините гости го уништиле просторот за забава.

torta

Коментирај