Наполи и Ливерпул се пласираа во осминафиналето на ЛШ

0
249

Актуелниот европски првак, Ливерпул со победата над Ред Бул Салцбург со 2:0, го освои првото место во групата Е од Лигата на шампионите и ќе биде меѓу носителите при ждрепката за осминафиналето.

Головите за Ливерпул ги постигнаа Кеита и Салах, и тоа во 57 и 58 минута, во период од само 100 секунди.

Втор во групата Е е италијански Наполи, чиј член е македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Елмас вечерва во победата над Генк од 4:0, не влезе во игра. Три гола даде Аркадиуш Милик и тоа сите три во првото полувреме.

Вечерва се играат преостанатите натпревари од групите Ф, Г и Х, по што ќе се знае дефинитивно кои осум тима ќе одат понатаму и кој од нив како прв, а кој како втор.

Коментирај