Напитоци кои ќе ја направат кожата здрава и сјајна

0
590

Без разлика на тоа со какви креми се негувате, на кожата на лицето освен храната, огромно влијание имаат и пијалаците кои ги консумираме во текот на денот. Се разбира, промените на кожата нема да бидат забележливи по неколку дена, но промената на одредени навики може многу да ви помогне во мисијата за убава и здрава кожа. Пијте ги овие напитоци секој ден.

Вода

Не постои друг производ кој може да направи вашата кожа да изгледа свежо како што тоа го може водата. Препорачливо е дневно да пиете седум до осум чаши вода.

Сок од кељ

Овој напиток е одличен мултивитамински додаток за вашата кожа. Поседува витамин А лој се наоѓа во многу кремови против стареење, витамин Ц и бакар кои ја заштитуваат кожата од надворешните штетни влијанија.

Млеко од соја

Сојата има важна улога во одржувањето на колагенот на високо ниво, чиј недостаток доведува до создавање на брчки и старечки дамки.

Зелен чај

Овој чај кој е богат со антиоксиданти ја штити кожата на вашето лице од слободните радикали и штетните УВ зраци.

Вода со парчиња краставица

Ваквиот напиток ќе ви помогне да имате хидрирана кожа, отпорна на сончевите зраци, а калиумот од краставиците ќе ви помогне да го одржите опитмалното Ph ниво на кожата.

 

Коментирај