Најубавата жена на светот открива како изгледа нејзиниот идеален маж

0
275

Шарлиз Терон (43) изјавила за британски „Сан“ дека сè уште е сама, и покрај инсистирањата на таблодите кои тврдат дека е во врска со пејачот Сил.

– Јас донесов свесна одлука да бидам „сингл“, бидејќи сакав да се посветам на одгледувањето на моите деца – рекла убавата актерка, која неодамна откри дека посвоениот син го одгледува како девојче, бидејќи тој така се изјаснил кога имал само три години.

„Веќе со години сум сама. Некој мора да направи чекор. Изненадувачки сум достапна. Почнав да се отворам на емотивен план за да ја пронајдам љубовта на мојот живот“, открила 43-годишната актерка.

– Сега го променив мислењето, сакам врска. Мојот идеален маж треба да знае да ме насмее и да има брада. Сакам добар човек, кој има убава брада или може да ја пушти. Не сакам некој тип на кого брадата му расте во печати, јас сакам вистинска брада – рекла таа.

Шарлиз во текот на 2015 година ја прекина долгогодишната врска со актерот Шон Пен (58) и потоа се посвети на одгледување на двете посвоени деца, Џексон (7) и Огуст (3).

Коментирај