Најтрофејните клубови во светот: Барса, Ливерпул, Реал, Јунајтед…? Не се ни во топ 5!

0
117

На една од објавените листи за најтрофејни клубови се наоѓаат и оние најголемите европски, но се во сенка на клубовите од помалите првенства.

Така на листата од 30 клубови на врвот со најмногу трофеи се наоѓа Ал Ахли од Египет кој има дури 118 трофеи во клупската историја. Тука се вбројуваат сите трофеи кој клубот ги освоил било да е во Египет или на меѓунарoднa сцена.

Со 115 трофеи зад него следи славниот шкотски клуб Глазгов Ренџерс, додека на третото и четвртото место се најдоа два клуба од Уругвај, Клуб Насионал де Фудбал и Атлетико Пењарол. Првиот има 113, вториот 108 трофеи.

Петти е Селтик со 105 трофеи, Барселона следи на шестата позиција со 91. Потоа Реал Мадрид со 90, Бенфика 82, Олимпијакос 75, Порто и Ал-Фисали од Јордан со 74, Манчестер Јунајтед со 71…

Секако треба да се земе во предвид квалитетот и тежината на трофеите, па поради тоа Ал-Ахли не го нарекува најтрофеен клуб во светот иако бројките тоа го наметнуваат.

Извор: sportski.mk

Коментирај