Најстарите балетски изведби во Македонија

0
691

Првите комплетни балетски изведби во Македонија се поврзани со сцената на Македонскиот народен театар во Скопје.

Валпургиска ноќ од Шарл Гуно е првата балетска претстава на новосоздадениот балетски ансамбл на Македонскиот народен театар во 1949 година. Кореографијата била на Ѓорѓи Македонски, а со претставата диригирал Трајко Прокопиев.

Првата целовечерна балетска изведба била Бахчисарајска фонтанаод Борис Асафјев, исто така во кореографија на Ѓорѓи Македонски, а под диригентската палка на Ловро Матачиќ.

Првиот македонски балет е делото Македонска повест чиј автор е композиторот Глигор Смокварски. Балетот е изведен на 21 јуни 1953 година во кореографија на Димитрие Парлиќ, а под диригенство на Кирил Спировски.

Автор на првиот македонски целовечерен балет е композиторот Трајко Прокопиев – Лабин и Дојрана, премиерно изведен на 11 јуни 1958, во кореографија на Александар Доброхотов и Олга Милосавлева, а под диригентство на авторот.

Коментирај