Најслатките навивачи на СП: Близначињата на Енрике и Ана “навиваа“ за различни земји (ФОТО)

0
188

Ана Курникова го пренесе адреналинот и духот на Светското првенство на нејзините две деца.

Може да се погоди за кого навиваше поранешната тенисерка за време на натпреварот помеѓу Русија и Шпанија.

Но, тато Енрике Иглесијас пак е од другиот тим – и за да е поделено еднакво семејството во поддршката за двата тима, близнаците исто поддржуваа различни земји. Еден беше облечен во шпански дрес, а другиот беше во руски.

„Гоооооолллл!“ напиша Курникова под фотографијата.

Впрочем, кога не знаете кого да поддржуваш, ги поддржуваш двата тима. Едниот ќе победи и ќе има славење. Во овој случај, Курникова беше посреќната.

Коментирај