Најскапиот српски играч во ПСЖ

0
225

Еден од најдобрите српски фудбалери Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС), кој настапува во Лацио е на мета на бројни клубови од Европа. Според последните информации кои ги објави весникот „Лекип“, Милинковиќ е на радарот на францускиот шампион ПСЖ кој најавува баснословна понуда за овој фудбалер.

Весникот пишува дека СМС во Париз треба да дојде на местото на Тиаго Мота, кој ја заврши кариерата.

За да биде реализиран овој трансфер, ПСЖ ќе треба да ја избегне санкцијата на УЕФА, поради кршењето на финансискиот фер-плеј.
Адут во преговорите околу потписот на српскиот репрезентативец треба да биде менаџерот на фудбалерот, Матеја Кежман, кој во периодот од 2008 до 2010 година го носеше дресот на ПСЖ.

Голем интерес за услугите на 23-годишниот фудбалер покажуваа уште неколку врвни европски тимови: Јувентус, Манчестер јунајтед, Челси, Манчестер сити и реал Мадрид.

Лацио ќе го одбори трансферот на СМС, но не за помалку од 100 милиони евра.

Милинковиќ-Савиќ сезонава во Серија А има учинок од 14 голови и девет асистент.

Коментирај