И најсилните плачат: 7 најстрашни болки кои еден човек може да ги почувствува

0
2021

Прагот на толеранција е различен кај сите луѓе – додека едни не можат да издржат интервенција кај стоматолог, други можат да толерираат операција на заб без анестезија.

Болката до некаде е субјективно чувство вели професорот Алан Басбаум, но сепак станува збор за реална болка која секој човек може да ја почувствува.

Повреден нерв

Болката која доаѓа од нервите, а не од ткивата е најчесто најсериозниот вид болка, тврди професорот. Потсетете се само на моментот кога вашиот стоматолог ќе го допре нервот за време на поправање заб.

Ектремна главоболка

Луѓето кои патат од тешки главоболки точно знаат како е да не можеш да отвориш очи од болка. Ги оценуваат како потешки од породилните болки и прострелните рани. Околу 15 проценти од луѓето страдаат од мигрена, а само 0,1 отсто патат од екстремна главоболка.

Камен во бубрег

Силната болка во грбот и делот околу, која се шири кон стомакот и препоните, мачина и повраќање, како и лош мирис на урината се составен дел од оваа состојба. За среќа, успешно се лечи со внес на голема количина течности и со операција

Повреда на ‘рбетниот мозок 

Луѓето кои патат од оваа состојба можат да чувствуваат болка од замислени убоди. Имено, во таква состојба мозокот го чувствува отстранетиот екстремитет затоа што не го регистрира недостатокот, туку само болката на местото каде некогаш се наоѓал.

Изгореници

Изгорената кожа предизвикува константна болка која се влошува кога ќе се растегне бидејќи нервите се оштетени под неа.

Напад на жолчка

Наглата болка која трае од еден до пет часа, а е проследена со повраќање и грозница е позната како напад на жолчката. Симптомите се слични како кај каменот во бубрег, со тоа што каменот во жолчка се содава од холестерол, а во бубрегот од калциум. Со здрава исхрана и редовни физички активности ќе се отстрани ризикот и кај двете состојби.

Породување

Секоја жена има различно искуство при породување. Но, оваа болка е еден вид мерна единица за сите останати. Предноста на породувањето е тоа што не е болест и болката поминува веднаш откако бебето ќе излезе од мајката.

Извор:www.hybread.mk

Коментирај