Најсилните луѓе ги водат своите битки во тишина

0
414

Најсилните луѓе се оние кои се борат во тишина. Најсилните луѓе се најчувствителни, најмногу плачат, а сепак никој не знае што преживуваат.

 

Сето тоа го прават во своите четири ѕида. Не се отвораат често пред луѓе и не бараат рамо за плачење. Тие се својот сопствен столб за поддршка и не бараат помош. И без оглед на работите кои им се случуваат, никогаш нема да ве заморуваат со своите проблеми. Премногу се горди за тоа.

Оние со најшироки насмевки на лицето се оние кои се борат со најголемите проблеми. И сами се борат. Тие едноставно се навикнати самите да одат низ животот. Тие држат сѐ во себе, затоа што во минатото често биле изневерувани од луѓето на кои најмногу им верувале.

Овие луѓе се тивки борци. Тие го носат светот на своите рамена и сакаат да им помогнат на сите, додека истовремено се емотивно се распаѓаат во себе. И затоа секогаш треба да бидете добри со сите, затоа што не знаете што им се случува на луѓето во нивните животи.

Малку љубезност и добар збор е сѐ што им е потребно на овие луѓе. Светот многупати ги скршил, па кога ќе видат добар човек тие многу се радуваат.

Има многу скршени души кои патат во тишина. Затоа бидете добри кон луѓето. Ако забележите дека некој страда и дека се труди да го сокрие тоа, најдете начин да им дадете поддршка. Не мора да е некој голем гест, доволно е да споделите малку љубов и отворено срце.

За сите оние кои страдаат, знам дека мислите дека никој не ве разбира, но тоа не е секогаш така. Обидете се малку да го отворите срцето кон луѓето и можеби навистина ќе се изненадете од она што ќе го најдете.

Извор: СкопјеИнфо

Коментирај