Најпознатиот јутјубер ги шокираше своите следбеници, оваа вест никому не му се допадна (ВИДЕО)

0
402

Највлијателниот Јутјубер на денешницата PewDiePie најави дека се повлекува од Јутјуб во 2020-та година.

„Следната година ќе земам пауза од Јутјуб. Сакав да го најавам тоа бидејќи сум многу сериозен“, порачал Швеѓанецот Феликс Арвид Кејлберг (30).

Ова не е првпат да спомене заминување од Јутјуб. Во август оваа година во едно од видеата вели: „Мислам дека би било добро во еден момент да земам пауза. Убаво би било да не ти е Јутјуб во мислите првпат во 10 години.“Неговата сопруга Марзиа исто така била Јутјуберка, но се опростила од таа платформа во ноември минатата година, објавувајќи дека поради присутноста има проблеми со депресија.

Видеата кои PewDiePie ги објавува собрале 24 милијарди прегеди, додека на Инстаграм го следат 20.000 милиони, а на Твитер 18.000 милиони корисници.Инаку, PewDiePie и Јутјуб имаат, благо речено, комплицирано минато, пренесува Форбс.

Тој е најпопуларен автор на платформата, но позади себе има многу контроверзии, како оние во кои за време на вклучувањата во живо изговарал расистички зборови.Освен тоа, големо внимание привлекол и кога платил маж преку Fiverr да држи антисемтиски знак „од шега“, поради што настанал конфликт со Гугл.

Коментирај