Најпосетената плажа на светот: 40.000 луѓе на само 500 метри (ВИДЕО)

0
307

Нема каде игла да фрлиш, а не па лежалка да наместиш, ова е најслушана реченица во лето кога некој објаснува колку било гужва на плажата каде летувал. Ако мислите дека сте виделе гужва на плажа, не сте биле на плажата Далиан во Кина.

Кина е позната по урбаната џунгла и огромниот број на жители на мал простор, па ќе си претпоставите дека кога одат на одмор барем би сакале да имаат комфор.

-Ако имате очни или кожни болести, дијареја или слични проблеми, ве молиме да не пливате пред да се консултирате со вашиот лекар. Немојте да плукате во водата, а посебно ве молиме да не фрлате отпушоци во водата и на плажата, порака со женски глас постојано се слуша од мегафоните поставени на плажата.

Во летниот период околу 40.000 луѓе дневно ја посетуваат плажата Далија што е долга околу 500 метри. Во кој било друг дел од светот, оваа гужва би била смртоносна, но на оваа плажа е мирно и функционално.

На плажата нема гласна музика, не се игра тенис или одбојка на песок – логично бидејќи нема ни место – а исто така не станува ни збор за водени спортови.

Никој не ви забранува да се прошетате, но тоа не се препорачува бидејќи со сигурност ќе се изгубите по третиот чадор за сонце. Спасувачите на оваа плажа имаат само една задача – да одржуваат ред и мир.

Коментирај