Најпаметните кујнски апарати

0
194

Кујнските иновации цело време се појавуваат на пазарот, а ние овој пат ви ги претставуваме најновите и најпаметни кујнски производи кои секако ќе бидат тема на разговор со вашите пријатели и алатки кои ќе ви го олеснат животот.

Фрижидер кој подготвува кафе
Caffe серијата на GE’S, содржи Keurig K-Cup Brewing систем во своите врати дозволувајќи ви со едно притискање на копче да си припремите кафе. Овој изум е достапен со француски врати и двокрилен дизајн.

enterijer-dizajn-kuhinja-kuhinjski-aparati-pametni-smart-tehnologija-02

Wi-Fi апарат за кафе
Апарат за кафе кој може да се програмира и подеси според вашиот вкус, но тоа не е ништо ново. Но да можете да лежите во кревет и да го програмирате апаратот со кафе за 10тина минути да ви направи свежо кафе, е тоа е веќе нешто. Апаратот ќе има ви-фи конекција па така ќе можете да му давата наредби преку вашиот телефон.

enterijer-dizajn-kuhinja-kuhinjski-aparati-pametni-smart-tehnologija-04

Даска за подготвување на храна
Новата година е многу често време кога донесуваме нови одлуки, најчесто оптимистички од типот-ќе почнам да се хранам здраво. Orange Chef даската за подготвување на храна, можете да ја поврзете со вашиот паметен телефон и таа одеднаш ќе стане ваш нутриционен советник. Ќе ви ги брои калориите кои ги внесувате и ќе ви дава предлози што да јадете.

enterijer-dizajn-kuhinja-kuhinjski-aparati-pametni-smart-tehnologija-05

Кујнски таблет
Веќе не морате да се грижите дека може да го уништите вашиот таблет ако го полиете со нешто или истурита храна по него. Сега од Sony доаѓа Xperia Tablet Z, кујнско издание. Дизајниран е така да може да ја поднесе секоја течност и храна која можете да ја истурите на него. Од компанијата тврдат дека овој уред може да издржи и до 30 минути под вода без да се оштети.

enterijer-dizajn-kuhinja-kuhinjski-aparati-pametni-smart-tehnologija-11

Чувар на вино
Некои од нас пијат по едно шише вино сами за вечера, додека пак некои сакаат да испијат по некоја чашка во друштво. EuroCave Wine Art е направа за хедонисти кои сакаат да го продолжат искуството на уживање во виното, бидејќи овој апарат може да го сочува квалитетот на отвореното шише вино на идеална температура за сервирање во период до десет дена.

enterijer-dizajn-kuhinja-kuhinjski-aparati-pametni-smart-tehnologija-08

 

www.hybread.mk

Коментирај