Најмалите жители на катедралата Нотр Дам, го преживеале пожарот

0
111

Најмалите жители на Нотр Дам го преживеаја катастрофалниот пожар што го уништи најголемиот дел од покривот на катедралата. Околу 200.000 пчели што живееле на покривот првично биле сметани за исчезнати во пожарот.

Европските пчели – за разлика од другите видови – остануваат во кошницата откако ќе ја почувствуваат опасноста, го чуваат медот и работат за да ја заштитат својата кралица. Високите температури би претставувале најголем ризик, но г-дин Жеан, пчеларот на катедралата објасни дека чадот едноставно ги заспал.

Наместо да ги убие, јаглерод диоксид ги прави пијани, ги тера да спијат”, изјави тој.

Сместување на пчелите на покривот било дел од иницијативата за зголемување на бројот на пчелите во Париз.

Извор:република.мк

Коментирај