Најлуксузниот Mercedes ќе биде достапен само во 300 примероци

0
732

Германскиот производител на 16 ноември во Лос Анџелес ќе го претстави суперлуксузниот Mercedes Maybach S650 Cabriolet. За да ги привлече фановите на брендот, германската компанија објави тизер од најлуксузниот модел со отворен покрив.

Новиот модел со ознака Maybach е базиран на Mercedes S Class кабриолетот, а видеото открива дека во него ќе може да уживаат само мал број на среќници.

Моделот ќе биде достапен само во 300 примероци, а од тоа 100 модели ќе бидат наменети за американскиот пазар.

Очекувањата се дека Mercedes Maybach S650 Cabriolet под хаубата да крие 6.0 литарски V12 би-турбо мотор. Моментално најсилниот модел на S Class – Mercedes S65 AMG, за погон го користи истиот мотор со 630 коњски сили.

Повеќе детали и официјални фотографии ќе бидат достапни по премиерата на овој модел.

 

Коментирај