НАЈЛОШИ ФИЛМОВИ: „Зулендер 2“ и „Бетмен против Супермен“ фаворити за „Златните малини“

0
558

„Зулендер 2“ и „Бетмен против Супермен: Зора на правдата“ имаат најмногу номинации за антинаградите „Златни малини“, кои традиционално се доделуваат на најлошите филмски остварувања.

Вториот дел на „Зулендер“, опишан како „продолжението кое задоцни 15 години“, очекувано има девет номинации, меѓу кои се оние за најлош филм, најлоша споредна улога (Кристен Виг), како и за најлош двоец (Бен Стилер и Овен Вилсон). Веднаш потоа следи „Бетмен против Супермен: Зора на правдата“, кој конкурира во осум категории, како на пример, за најлош режисер (Зек Снајдер).

„Златните малини“ одлучија да го зголемат бројот на номинирани во секоја категорија, од пет на шест, поради големиот број на лоши филмови.

Меѓу ѕвездите кои конкурираат за наградите се, Роберт де Ниро, Бен Афлек, Џерард Батлер (за најлош актер), односно Џулија Робертс, Наоми Вотс и Меган Фокс (за најлоша актерка).

Коментирај