Најкратките владеења во историјата

0
817

Да се биде и остане на врвот е тешко, но некои владетели во минатото се чини воопшто и не добиле можност да потрудат да ја сочуваат власта. Мегу најнесреќните владетели во светот, одвојуваме неколку.

  1. Папата кој владеел најкратко

Папата Урбан VII не успеал да владее ниту полни две недели. Тој за жал, починал после само 13 дена откако е прогласен за папа. Иако неговата положба ветувала многу за народот кој целосно имал доверба во него, тој не успеал да ги спроведе идеите кои ги имал, особено за жителите на Рим.

 

  1. Кралот кој бил најкратко на власт

Кралот Луј Антоан, кој бил наследник на престолот на францускиот крал Шарл X, владеел само 20 минути и после тоа самиот абдицирал.

Неговото кратко владеење се случило за време на Јулската револуција во Париз. Неговиот татко Шарл X, бил приморан по барање на народот да се повлече од својот престол, а потоа истото да го сторат и неговите наследници. Така, Луј Антоан постапил по барањето на народот, после 20 минути на позицијата крал, абдицирал и ја напуштил земјата засекогаш.

  1. Кралицата со најкратко владеење

Кога болежливиот син на Хенри VIII, Едвард VI, починал млад, многу влијателни протестанти се исплашиле дека круната ќе замине кај неговата полусестра Мери, во историјата позната како Крвава Мери. Џон Дадли, војвода од Нортамберланд кој по смртта на Хенри VIII, станал генерал на сите вооружени сили на земјата. Плашејќи се дека Мери ќе ја преземе власта, сакал престолонаследник да биде внуката на сестрата на Хенри VIII – Лејди Џејн Греј, која била негова снаа.

Лејди Џејн била прогласена за кралица, но на власт останала само 9 дена, бидејќи Мери, заедно со своите поддржувачи успеала да ја одземе власта по насилен пат.

  1. Претседател со најкраток мандат

Вилијам Хенри Харисон, деветиот претседател на Соединетите Американски Држави, починал после само еден месец од доаѓањето на оваа функција. Во 1841 година, во шеесетата година од својот живот тој станал најстариот претседател дотогаш.

Неговиот инаугурациски говор е најдолгиот говор во историјата и траел час и четириесет и пет минути.

  1. Императорот со најкраток век

Наполеон II, наследникот на Наполеон, бил прогласен за цар на неговите неполни 4 години. После поразот на неговиот татко, тој бил привремено цар, осносно неполни 16 дена кога власта му е предадена на Луј XVIII.

www.hybread.mk 

Коментирај