Најголемите ризици за машкото здравје

0
147

Голем број истражувања покажале дека жените посветуваат повеќе внимание на сопственото здравје, почесто одат на лекар и со самото тоа подолго живеат. Посилниот пол своето здравје секогаш го става на последно место на приоритети и последно нешто што им паѓа на ум е посетата на доктор.

Докторите ги откриваат 6-те најголеми ризици за машкото здравје.

1.Кардиоваскуларни болести
Болестите на срцето се водечка закана за машкото здравје. Кардиолошкиот преглед најчесто опфаќа елктрокардиограм, ехо на срце и стрес-тест. Доколку имате болка во градите, отежнатост при извршување физичка активност, болка и стегање во рацете, грбот и во рамената или многу често сте уморни без да имате тешка физичка активност, задолжително посетете кардиолог.

2.Карцином на бели дробови
Пушењето во моментов е водечка смртна закана која зазема дури 25% од вкупниот број смртни случаи. Карциномот на бели дробови е најчестиот карцином кај мажите и речиси 90% од причините за негово настанување се токму цигарите.

Симптоми: сезонско кашлање и континуирано исфрлање слуз кај пушачите со хроничен бронхитис, искашлување крв, отежнато дишење, бодеж во градите кој се шири кон лопатките или рамената. Во раниот канцер луѓето го губат апетитот, чувствуваат слабот, губат во тежина и се потат.

3. Карцином на простата и зголемена простата
Простатата е дел од машкиот репродуктивен систем. Ако во младоста таа е дел од сексуалноста на мажот, во поодминатите години од животот таа станува неодминлив здравствен проблем речиси на секој маж. Вообичаен симптом е проблемот со уринирање, честото мокрење или неможноста за мокрење. Симптомите се слични како и кај канцерот. Карциномот на простата во раната фаза не дава никакви симптоми, а доколку болеста е во напреднато ниво првите знаци се болки во грбот и во
рбетот.

4. Депресија
Обично мажите не ги препознаваат симптомите на депресии и сметаат дека се работи за моментална слабост, па не и даваат посебно значење на оваа состојба. Доколку оваа состојба не се третира навреме, таа може само да се влошува, па дури и да излезе од контрола.

5. Дијабетес
Дијабетесот обично почнува тивко, без симптоми, но со текот на годините нивото на шеќерот во крвта се покачува. Како резултат на често мокрење, постојаната жед, зголемениот апетит, изнемоштеноста и трнењето во прстите, многу мажи бараат помош од медицинските лица. Болеста најчесто се открива кога веќе се јавила некоја компликација, како срцев или мозочен удар.

6. Еректилна дисфункција
Еректилната дисфункција (импотенција) кај мажот се дефинира како неспособност да се воспостави и одржи ерекција доволна за сексулен однос. Според податоците на светско ниво, се претпоставува дека приближно 5 до 20% од мажите имаат умерена до тешка форма на еректилна дисфункција. Загрижува фактот што се поголем број мажи 
на средна возраст страдаат од овој проблем. Начести симптоми се ерекции кои се премногу меки за сексуален однос, или неспособност да се постигне ерекција.

Коментирај