Најголемите музи на Шанел

0
164

 

Шанел е синоним за малиот црн фустан и парфемот од пудрести и цветни ноти. За многу дами низ светот, Шанел е класика, висока елеганција и неопходност ако не во плакарот, бар во несесерот или на ноќната полица.

Со цел да се унапреди продажбата, оваа луксузна модна куќа под водство на Карл Лагерфелд, секогаш одбирала специфични модели, девојки кои се по природа нежни и женствени.

Погледнете ги познатите девојки кои станаа симбол за Шанел.

Кетрин Денев

На почетокот, модните куќи никогаш не ги зимале филмските ѕвезди како носители на кампањите, но сето тоа се променило кога преубавата Кетрин во 1974 години станала заштитно лице на култниот парфем No.5. Изборот на “ладната“ плавуша која се прослави во филмот “Убавица на денот“, допринело продажбата да се зголеми драстично, па остатокот од индустријата целосно да се насочи кон филмските диви како идеален избор за промо лица на одредени брендови.

Карин Ротфелд

Поранешната главна и одговорна уредничка на францускиот Вог, специфичната Карин Ротфелд неколку пати учествувала во рекламите на Шанел. Сепак, навпечатлива промоција на брендот била во 2012 година кога позирала во Шанел костим, шапка и ножици за насловната страна на книгата “Малата црна Јакна“.

Вилоу Смит

Реакциите на публиката беа одлични кога за својата есен/зима кампања во 2017 година беше избрана ќерката на Вил Смит, Вилоу Смит. Фотографиите за оваа кампања беа вистинско освежување за брендот кој дотогаш одбираше дами како Никол Кидман, Марион Котилард, Ванеса Парадис, а овојпат младо девојче.

Никол Кидман

После филмот Мулен Руж, Лагерфел ја ангажираше оваа австралиска убавица за една од најскапите кампањи досега. Се вели дека оваа кампања чинела околу 33 милиони долари.

Одри Тоту

Француската глумица верно ја прикажа познатата креаторка во филмот Коко, Пред Шанел и веднаш потоа доби ангажман во оваа куќа.

Линда Евангелиста

Линда се запозна со Шанел во 1985 година и од тој момент е муза на оваа луксузна куќа, а интензивната соработка е остварена во почетокот на деведесетите години.

Кира Најтли

Англиската глумица е носител на кампањата за Коко Мадмоазел, но и една од правите амбасадорки на оваа куќа, често видена во изданија во потпис на Шанел на црвениот тепих. Познато е тоа што венчаницата од Шанел која ја носела на својата свадба, ја носела подоцна на црвениот тепих.

Извор:Hybread.mk

Коментирај