Најголеми легла на бактерии: Ова се 5 делови од телото кои треба да се чистат секој ден

0
141

Личната хигиена е многу важна за здравјето на секој човек, а ова се деловите од телото на кои треба што почесто да им се посвети внимание во нејзиното одржување.

Уста

Едно од местата каде што има најмногу бактерии во човековото тело е усната шуплина. За што подобро здравје, треба детално да се води грижа во оралната игиена.

Пазуви

Под пазувите во просек има околу 20.000 бактерии, па токму заради тоа многумина се борат со непријаниот мирис на пот. Дезодорансите помагаат во одржувањето на овој дел од телото, но се разбира, неопходно е секојдневно миење со анти бактериски сапун.

Уши

Восокот кој се формира во ушите ги штити ушните канали од разни бактерии, инсекти и водата, но заради тоа ги става ушите во едни од највалканите делови од телото кои бараат редовно и детално чистење.

Нокти

Под ноктите се крие вистински расадник на бактерии невидливи за голо око. Затоа е неопходно добро одржување.

Папокот

Овој дел од телото начесто се занемарува при туширањето, па затоа често е полн со бактерии.

Коментирај