Најдобриот маж на светот

0
369

Мажи вежбаат во бодибилдинг клуб и ѕвони еден мобилен телефон. Еден од мажите се јавува и вели:
– Ало.
– Драги ти ли си?
– Да, кажи.
– Вежбаш ли?
– Да.
– Јас сум во една продавница за кожни палта. Гледам едно прекрасно палто на попуст.
– Колку чини?
– 15.000 денари.
– Добро, купи го ама избери си и една чанта која ќе одговара со него.
Жената видела дека денес е нејзиниот ден и рекла:
– Драги, нели ти спомнав дека мама сака да дојде да живее со нас. Што велиш да ја поканиме еден месец пробно да живее и потоа ќе зборуваме.
– Добро, добро, но немој да бараш ништо повеќе.
– Нема, те сакам. Чао.
Мажот го затвара телефонот и прашува:
– Некој да не знае чив е овој телефон?

Коментирај