Најдете некој кој ќе ви го даде целото свое срце!

0
1422

Најди некој кој не се плаши да признае дека му недостигаш.

Некој кој ќе знае дека не си совршена, но ќе се однесува со тебе како со таква.

Некој кој не може да замисли да те изгуби.

Некој кој ќе сака да бидеш до него дури и во моментите кога сакаш сама да избегаш од себе.

Некој кој ќе те сака без зборови, бидејќи највредните нешта се гледаат во очите.

Некој кој ќе сака да те гледа без шминка, бидејќи ти го сака лицето  такво какво што ти е наутро.

Некој за кого најубавото нешто е начинот на кој го гледаш.

Некој кој ќе знае колку си вредна и што би изгубил, ако те пушти да си одиш од неговите прегратки.

Некој кој не се изморува да ти кажува и докажува колку многу те сака секој ден.

Некој кој никогаш не би си простил на себеси, ако те изневери физички или духовно.

Некој кој ќе ти го даде сето свое срце и знае дека му е на сигурно место.

Некој кој ќе те бакнува по челото со целата нежност, на која е способен.

Најди некој кој ќе сака да се буди до тебе наутро, да ги гледа твоите брчки и сивата коса и сепак ќе продолжува да се заљубува во тебе секој ден.

Коментирај