Најчудните телефони, кои се продаваа во нашиот век!

0
305

За да успеат во конкурентната продажба мобилните компании мораа да се користат со секакви трикови. И додека во моментов повеќето паметни телефони се речиси исти, пред 10 години работите беа многу поинтересни.

Motorola V70 (2002) – пред 15 години задоволството да си го отвораш на страна телефонот чинеше 400 долари.

Nokia 7600 (2003) – Nokia се обидуваа да ги придобијат дамите.

Nokia NGage (2003) – За гејмерите. Меѓутоа дефинитивно не беше удобен ниту како телефон, ниту како џојстик.

Samsung Serene (2005) – цената од 1275 долари и луксузниот дизајн го дефинираа мислењето: „Премногу чуден, за да биде телефон, премногу скап за да биде толку чуден телефон“.

Nokia 7280 (2004) – голема бучава се крена меѓу сите љубители на модерните телефони. Само што никој не го разбра и стана неконкурентно способен.

BlackBerry Passport (2014) – Обид да продадеш старо вино во ново шише. Целосен неуспех, но сепак разбран меѓу страсните љубители на брендот.

Samsung Juke (2007) – телефон за љубители на музика, кој повеќе личи на USB.

Monohm Runcible (2015) – од компанијата велат дека тоа е „анти паметен телефон “. Колку и да изгледа чудно работи со оперативниот систем Firefox OS и има успех.

Haier P7 Pen Phone (2004) – пенкало телефон … ние не го разбираме тоа многу 🙂 .

The Golden Buddha Phone (2009) – Најскапиот  телефон произведен во Кина. Злато, дијаманти и простотилук…

Коментирај