Најчевска до СДСМ: Да не крадевте и да не вработувавте до бесвест ќе имаше буџет за вакви ситуации

0
1013

Мислам дека сепак некој треба да му каже на Заев дека во моментов не е никаков функционер во власта и може да зборува само како претседател на партија, а не како државник, пишува на социјалните мрежи професорката Мирјана Најчевска.

Професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи распали по лидерот на СДСМ, Зоран Заев за кој рече дека треба да му каже некој дека во моментов не е никаков функционер во власта и може да зборува само како претседател на партија, а не како државник, бидејќи неодамна Заев излезе со прелог за воведување на минимална плата на цел јавен сектор.

Останувам на одлуката за воведување на мининална плата на цел јавен сектор како и на сите мерки што ги предложив како лидер на СДСМ, но конечната одлука ја носи владата, рече екс премиерот Зоран Заев во интервјуто за 360 Степени. Кратењето на плати во администрацијата е заради солидарноста, но и заради потреба. Веќе скративме непродуктивни трошења од 7 и пол милијарди денари. Преку намалување на платите во администрацијата, се заштедуваат милијарда денари месечно, но треба да се знае дека тие пари не одат на друго место туку пак остануваат во институциите.

„Да сакавте да го вратите украденото и да не крадевте и самите ќе имаше пари во буџетот за вакви ситуации. Да ја реформиравте администрацијата и да не вработувавте и вработувате до бесвест ќе имаше пари во буџетот за вакви ситуации.

Да не се трошеше на покривање на долгови на градоначалниците кои си купуваа автомобили и се честаваа по ручеци ќе имаше пари за вакви ситуации. Да се направеше вистинско прогресивно оданочување а не фарста која потоа и ја поништивте ќе имаше пари за вакви ситуации.

Да не се делеа пари за партии и да се трошеа за вонредни избори ќе имаше за вакви ситуации. Пари имаше и има само прашање е за што се трошат. И мислам дека сепак некој треба да му каже на Заев дека во моментов не е никаков функционер во власта и може да зборува само како претседател на партија а не како државник“, вели Најчевска.

Фејсбук објава на Проф. д-р Мирјана Најчевска!

Заев: Сите функционери, раководители и целата администрација да земаат минимална плата од 14.500 денари

Коментирај