Најчевска: Луѓето немаат доверба во власта

0
384

Универзитетската професорка Мирјана Најчевска се сомнева дека мерките кои ги најавува власта не може да се спроведат зашто граѓаните немаат доверба во институциите.

„Луѓето немаат доверба во власта. Луѓето кои не веруваат во институциите нема да спроведуваат ниту една мерка која доаѓа од тие институции. И да ви кажам право не знам зошто би им верувале. Како може да имаат доверба во тие кои управуваат со државата кога знаат како дошле на тие позиции. Гласале затоа што им се заканиле, ги поткупиле, воопшто не гласале ама кутиите биле полни, …

Како да има доверба во институција која ја раководи неговиот соученик од основно кој со крајни напори научил да множи и дели. Зошто да верува во службеник за кој знае дека се запослил на место за кое нема ни знаења ни вештини ни искуство. Зошто да почитува полицаец кој до вчера со него крадел. Како да верува во премиер кој се окружил со кафански певаљки, хоштаплери и јагуриди. Што да очекува од судија кој ја купил дипломата.

И граѓаните нема да имаат доверба и ниту една мерка нема да успее се додека не го промениме системот и на управувачките позиции дојдат луѓе кои знаат и умеат и имаат искуство. И кои нема да ти ги запослат синот или жената, ама ќе создадат институции кои функционираат“ – пишува Најчевска на Фејсбук.

Коментирај