Наградувана меѓународна еколошка организација го обвини Анѓушев дека влијаел врз распределбата на субвенции

0
223

Здружението еколошки организации Бенквоч го обвинува вицепремиерот Кочо Анѓушев дека влијае врз законската регулатива за да ги поттикне своите бизниси со хидроцентрали во Македонија. Според организацијата, која соработува со еколошкото здружение Еко свест од Македонија, Анѓушев влијаел да се дозволи неограниченото градење на мали хидроцентрали кои, според Бенквоч, предизвикуваат значителна еколошка штета.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев е сопственик на поголем број мали хидроцентрали, а неговиот кабинет беше вклучен во подготовка на регулативата за енергетскиот сектор. Затоа, одлуката на Владата да даде повластени субвенции за хидроцентралите изгледа сомнително, вели Давор Пехчевски од Еко свест.

Оваа организација неодамна ја доби наградата Голдман за својот активизам со кој ја спречи изградбата на планираните хидроцентрали во националниот парк Маврово, за кои Бенквоч обвини дека ќе го загрозат опстанокот на македонскиот рис.

Дури и Владата го поздрави доделувањето на наградата на активистката Ана Чоловиќ-Лешоска, која придонесе да се спречи финансирањето на овој проект од страна на Европската банка за обнова и развој.

Организацијата сега обвинува дека правилникот за субвенционирање на енергија добиена од обновливи извори ќе ги фаворизира хидроелектраните наместо другите обновливи извори, особено соларните електрани.

Koco-Angjusev-subvencii

Коментирај