Над 1.500 пријавени ќе учествуваат утре на Skopje Run 10K

0
495

Над 1.500 пријавени ќе учествуваат в недела на „Скопје трча 10 километри“ (Skopje Run 10K), трка што втора година по ред ќе се одржи на улиците на македонската престолнина.

Бројот на пријавени во однос на првото издание е речиси двојно зголемен.

Оваа година ќе се трча под мотото „Секој километар значи“ и трката ќе има хуманитарен карактер преку купувањето хуманитарни километри за „СОС Детско село“.

Организаторот на трката – Сојуз на спортови на Град Скопје, потпомогнат од коорганизаторите Атлетски клуб Работнички, Атлетска федерација на Македонија и Министерството за внатрешни работи соопшти дека се е подготвено за непречено одвивање и безбедност на натпреварувачите.

Почетокот на „Скопје трча 10 километри“ е в недела (7 октомври) во 9 часот. Стартот е до фонтаната „Лотос“ на булеварот „Илинден“ и самиот финиш е на истата локација со тоа што трката е кружна и се трчаат 2 круга по 5 километри.

Коментирај