На Заев му се налутија другарите од Шарена револуција- тој ги разбира, ама сега е одговорен!

0
612

Легитимна е дебатата за Законот за амнестија, но доаѓаме во еден момент кој не верзува сите тоа е ЕУ. Во таква ситауција треба да си подадеме рака. Пред парламенртарните избори 2016 година зборував дека треба да си подадеме рака, општетството ни е премногу поделено… И се кулминираше на 27 април, и реков дека сум простил. Но, тоа е лично чувство, но правниот систем мора да функционира и затоа понудивме правно решение. Одговорност мора да постои, но не можам јас да се согласам кога на Македонија и треба насушно помирување внатре, во време кога се помиривме со соседите, да се согласам дека секој е терорист за загрозување на уставниот поредок ако пеел химна внатре, рече премиерот Зоран Заев гостувајќи на Телевизија 24.

На прашање на водителот дека имал поинакво мислење, Заев вели дека овој Закон не нанесува некоја штета на судството, укажувајќи дека политичарите своја цена ја плаќаат на избори.

-Моите другари од Шарената револуција денеска се најголеми критичари на Законот за амнестија, јас целосно ги разбирам, но разликата е што сега имаме одговорност. И таа одговорност мора да ја понесеме за иднинатата на Македонија. Затоа помирувањето мора да почне, рече Заев.

Коментирај