На Заев му порачувам помалку да лаже, вели поранешниот активист во „Шарената револуциja”

0
394

На Заев му порачувам помалку да лаже! – вака заврши гостувањето во емисијата „Што не е јасно?“ со граѓанскиот активист, некогашен жесток поддржувач на „шарената револуција“ Благојчо Ѓорѓиев. Пораешниот специјалец од Кочани, инаку инвалидизирано лице, е разочаран од неисполнувањата наниедно ветување што власта ги даде кога беше опозиција.

Никогаш не се смени законот за инвалидизирани лица, а ми ветуваше и Тунтев и Заев и сите. Потоа видовме дека обичниот човек пак страда и е обезправдан, а богаташите со милионите повторно уживаат. Меѓу другите неисполнети ветувања што сега ми паѓаат на памет е мерцедесот. Се правеа помпи дека ќе го продадат да купат болнички возила, па го гледавме изгребан од мачки, за денеска пак да се возат истите тие во него?! Па, да не ме сфатите дека бранам некого, но има осуден човек 3 години точно за тој „мерцедес“, додека владата слободно си се вози со него, вели Ѓорѓиев.

Раскажува дека со поранешниот премиер Зоран Заев бил близок, но пред околу 2 месеца повеќе не комуницираат. Секогаш, вели Ѓорѓиев, кога и да го прашам за некое неисполнето ветување ќе ми одговореше: „Полека, ќе биде, не се прави правна држава преку ноќ“.

Заев е еден од тие луѓе кои спиеше со граѓаните во шатори пред Влада, 60 дена. Народот го донесе на власт и нормално, очекува од него. На пример ти си ветил 100 работи и од тие 100 работи да направиш 5 грешки, а 95 да ги исполниш, е солидно владеење. Ама од 100 работи 99 грешки да направиш, а една да исполниш само – и тоа да е укинувањето на радиодифузната такса, извини, проблемот е кај тебе – не кај нас граѓаните, вели Ѓорѓиев.

Благојчо од „Шарените“: Му викам, немој по улици да шетаме за само на власт да ве донесеме? Заев ветуваше многу, а направи сè спротивно – нема „П“ од правда

Коментирај