На Вимблдон денес стартува второто коло

0
505

Со мечевите одиграни синоќа завршија дуелите од првото коло од Вимблдон, со исклучок на еден прекинат меч кој ќе се одигра денес, а на вчерашната програма немаше големи изненадувања. Карактеристика на денот беа четирите предадени мечеви кај мажите, па така без поголеми проблеми во второто коло се пласираа: Новак Ѓоковиќ, Рожер Федерер, Адриан Манарино и Џаред Доналдсон.

Од фаворитите пласман во следната рунда изборија уште и: Милош Раониќ, Гаел Монфис, Григор Димитров, Томаш Бердих и Доминик Тием.

Кај жените пласман во второто коло изборија: Каролина Плишкова, Каролине Вознацки, Гарбине Мугуруза и уште неколку тенисерки кои можат да направарт изненадувања.

Денеска (почеток 12:30 часот) на програмата се мечевите од второто коло во двете конкуренции.

Коментирај