На светските богаташи им е престиж да имаат пасош од оваа земја

0
363

Додека најголем број од македонските државјани години наназад се обидуваат да се доберат до бугарски пасош, кој го гледаат како врата кон Европа, светската богаташка елита како престижен статусен симбол го смета поседувањето на пасош од една мала и симпатична земја.

Шармантната медитеранска дестинација која има единствени плажи, убаво време и опуштен начин на живот е една од најбараните меѓу богаташите, кои масовно аплицираат за нејзиниот пасош. Пасошот на Малта, како дел од ЕУ, ви дава привилегија без виза да патувате во 182 земји.

Освен тоа, Малта не наметнува даноци на приходи, движен имот и недвижности и наплатува само 15 отсто од данокот на парите внесени во земјата.

„Ако имате јахта и два авиона, следно што ви е потребно е пасош од Малта. Тоа е последниот статусен симбол. Имаме клиенти кои едноставно сакаат во својата колекција да имаат пасоши од различни земји“ – вели Кристијан Калин, директор на компанијата „Хенлеј & партнерс“.

Малта е една од 10. земји во светот што им дозволуваат на странците да купат државјанство, поточно да инвестираат пари и да придонесат за развојот на земјата во замена за државјанство.

Интересно е тоа што пасошот од Малта е поевтин од австрискиот и кипарскиот пасош за речиси милион и пол евра и чини „само“ 1,25 милион евра.

Акцијата „купете пасош“ привлече најмногу Руси, а на Малта ѝ донела над 700 инвеститори и 960 милиони евра.

Коментирај