На селективниот камп Ангеловски без Бабунски и Хасани

0
579

Селекторот на сениорската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски денеска ги стартува активностите во рамките на собирот на селективниот камп кој ќе трае до 14. декември, а во рамките на кој ќе бидат одиграни и два тест дуели со младата репрезентација на Македонија.

На првиот ден од собирот Ангеловски има и два откази. Давид Бабунски нема да се појави на собирот затоа што е пред решавање на статусот во белградска Црвена Звезда.

Хасани, пак, има повреда поради која не настапи и на последниот натпревар од есенскиот дел за Шкендија, против Шкупи во Купот на Македонија.

На повреда се жали и Кире Маркоски, но според информациите, тој се очекува да биде дел од овој репрезентативен собир.

Предводникот на А репрезентацијата, Игор Ангеловски поради повреда од претходно не може да смета на Марјан Радески од Шкендија и Стефан Спировски од Вардар.

МАКЕДОНИЈА А репрезентација (селективен камп):

Голмани: Филип Гачевски (Вардар), Дамјан Шишковски (Работнички);

Одбрана: Мевљан Мурати (Шкендија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Кристијан Тошевски (Пелистер), Кире Ристевски (Вашаш, Унгарија), Висар Муслиу (Ренова), Дарко Велковски (Вардар);

Среден ред: Бојан Најденов (Работнички), Бесир Демири (Шкендија), Љупчо Дориев (Академија Пандев), Бобан Николов (Вардар), Душко Трајчевски (Работнички).

Напад: Бесарт Ибраими (Шкендија), Кире Маркоски (Работнички), Даниел Аврамовски (Црвена Звезда, Србија).

Коментирај