На секое работно место постои еден шпион и еден опортунист

0
1893

ДА ВЕ СМЕТААТ ЗА ПРИЈАТЕН И ВЕДАР КОЛЕГА НА РАБОТНОТО МЕСТО ПОТРЕБНО Е ДА СЕ ПРИДРЖУВАТЕ ЗА НЕКОИ ОСНОВНИ ПРАВИЛА И ОДНЕСУВАЊЕ КАКО КОН КОЛЕГИТЕ ТАКА И КОН ПРЕТПОСТАВЕНИОТ.

Однос кон колегите-секогаш љубезни

Не сакате да работите? Не дозволувајте сите да забележат дека работата за вас е вистински кошмар. Ако пак сте тип на личност што обожува постојано да работи, не ја замарајте околината постојано со вашите работни обврски.

Трачевите, љубомората и зависта постојат на секое работното место. Некои личности се зависни од озборување, некои пак не можат да одолеат да напакостат на други.

Со насмевка сослушате ја колешката која преку викенд се спречкала со својот партнер без притоа да и делите совети ако не сте расположени за тоа. На крај, секој е должен да си ги реши своите проблеми. Не се впуштајте во разговорот и вие со вашите жалења бидејќи, нема да постигнете ништо, а уште повеќе ќе ја зголемите негативната енергија. На паузата за кафе кога сакате да учествувате во разговорите што вашите колешки ги водат може да се вклучите со општо мислење за ситуации, а притоа да не наведувате домашни или други примери што би ги тагирале одредени личности. Задржете си ја приватноста за себе.

На секое работно место постои еден шпион и еден опортунист. Залудно е да очекувате дека некогаш овие личности ќе се променат или пак дека со нив може да станете блиски пријатели.

Своите одлични идеи, но и критики пред нив задржете ги за себе. Не трчајте секогаш да го споделите тоа со други.

Од друга страна пак, со колегите што сте воспоставиле пријателски односи и доверба тогаш чувствувајте слобода да разговарате за различни ситуации.

Однос кон шефот- секогаш со насмевка

Не би требало да постои разлика во однесувањето кон шефот и вработените и обратно, но на жалост не е секаде така. За сите вработени универзалните зборови кои треба да се користат се: благодарам, прости, извини, повели. Исто така е нормално личностите кои се на повисока позиција да се интересираат за случувањата на вработените или одвреме навреме да се упатени кон она што се се случува во компанијата. Да понудат помош ако е потребно па макар и тоа да е само од култура.

– Еве едно прашање што не смеете да му го поставите на вашиот претпоставен/а:

„Колку заработува вашиот сопруг/а“? Не е важно колку тој/таа заработува,  овие прашања не се поставуваат никогаш.

tumblr_ocgzmwxit91u3lb1ko2_1280

– Комплиментите и пофалбите се делат секогаш умерено. Кога го среќавате шефот во ходник секогаш е важно да го поздравите со насмевка дури и кога ќе забележите дека нешто не е во ред со него и обратно, ако веќе тој стекнал доверба кон вас или долго време сте во компанијата тогаш не значи дека имате слобода да правите што ќе посакате или да се однесувате како тој да ви е пријател. Секогаш покажете ја почитта кон него за да го задржи доброто мислење кое го има стекнато за вас.

Од секретарката може да побарате да испрати некое писмо за вас до пошта, но не и да чека ред да ви ги плати сметките во банка. Навиката, таа да ви носи кафе, не претставува ништо лошо се додека тоа не премине во злоупотреба.

Организација за забави

Кога некој колега заминува во пензија не заборавајте да соберете одредена сумa на на пари за да купите заеднички подарок и да покажете почит кон него;

Вашата колешка ако штотуку се породила тогаш бидете организатор и соберете пари да и купите  заеднички поклон за бебето;

Обичај е да се прославуваат и родендените. Па според тоа, запишете ги во канцеларија родендените на сите ваши колеги и секогаш потсетувајте ги вработените ако се ближи роденден на некому;

Извор: www.hybread.mk

Коментирај