На премиерот нема кој да му ги открие опциите

0
202

Премиерот Заев вели дека правниците не му ги откриваат сите можни опции за иднината на Законот за јазиците. Тој не открива зошто од него се кријат опциите.

Правниците во Владата и во Собранието разработиле други механизми за решавање на проблемот околу Законот за употреба на јазиците, но битно е ниту една институција да не биде блокирана, изјави премиерот, Зоран Заев, во врска со ќор сокакот во кој се најде Законот откако претседателот на државата одби да го потпише указот.

-Според правниците има уште неколку опции, ама не ми кажуваат кои се, затоа што мора да има извесност во ова решавање. Важно е парламентот и претседателот да си ги знаат своите надлежности. Оваа одлука на претседателот да не го потпише указот, значи дека е блокирана надлежност на парламентот, а не смее ниту една институција да биде блокирана – рече Заев пренесува Фокус

Тој додаде дека засега единственото познато решение е да биде побарано толкување од Уставниот суд за одлуката која ја донесе Иванов.

Коментирај