На погрешна девојка проба да ѝ го украде телефонот – типката знаеше џиу-џицу

0
566

Еден разбојник во Бразил направи лоша проценка кога се обиде на една девојка да ѝ го украде мобилниот телефон, не знаејќи дека таа владее потези од боречки вештини.

Типот го зграпчил телефонот од Сабрина Леите (22), не знаејќи дека таа тренира боречки вештини.

„Почна да бега, потрча по него, го стигна и го турна на земја. Додека лежевме на земја го фатила во шкрипец“ – рече таа за локалните медиуми.

Нејзините пријатели го снимија несреќниот крадец како вреска од болки додека девојката му ги врти прстите на раката и го држи прикован за земја. Како што рече, тие потези ги научила благодарение на тоа што веќе 4 години тренира џиу-џицу.

Извор: taratur.mk

Коментирај