На овој Вардар тешко му оди: И Веспрем се прошета низ Скопје (ФОТО)

0
496

Вардар денес играше против Веспрем и одново забележа висок пораз. На сите ни е јасно дека ваков Вардар е далеку од најсилните европски тимови. Веспрем денес беше апсолутно подобар противник и ја однесе победата.

Најголем проблем кај Вардар и во овој натпревар беше одбраната. Веспрем премногу лесно постигнуваше голови. Уште во почетните Унгарците со водството од 2:9 ја најави победата.

Во продолжение следуваше период изедначен период, Вардар никако не успеваше да се доближи повеќе од 5-6 гола разлика. На полувреме Веспрем замина со предност од 15:22.

Ништо не се промени и во второто полувреме предноста на Веспрем само растеше. На десетина минути до крајот Веспрем стигна и до предност од 11 голови разлика. На крајот Унгарците славеа победа со резултат 29:38.

Најефикасен кај Веспрем беше Ненадиќ со 11 гола, додека кај Вардар Атман постигна 7 гола.

Извор: Спортски.мк

Коментирај