На Мундијалот беше еден од најдобрите, а сега му се заканува суспензија од – четири години!?

0
390

На Светското првенство беше стрелец на неколку фантастични погодоци за „Зборнајата“.

Рускиот репрезентативец и член на Валенсија, Денис Черишев е под истрага на шпанските антидопинг власти бидејќи прекршил правило на антидопинг организацијата.

Тој наводно користел недозволен хормон за раст што, тоа на јавноста и го откри неговиот татко, но подоцна се бранеше дека руските медиуми погрешно ја пренеле неговата изјава.

Се огласи и фудбалер кој е мирен иако, доколку обвинувањата се потврдат му се заканува и суспензија од четири години.

„Од моја страна се е искрено и мислам дека нема да има проблеми. Најдобро е овој случај да им го оставиме на докторите“, изјави Черишев.

На Мундијалот во Русија, Черишев беше еден од најодбрите играчи на домаќинот и постигна четири погодоци, а во текот на летото направи трансфер од Виљареал во Валенсија.

Извор: sportski.mk

Коментирај