На Јутјуб се појавија неколку нови снимки за „Рекет“

1
2925

На Јутјуб се појавија снимки на кои се слуша како глас кој наликува на познатиот бизнисмен кој е сведок во „Рекет“, но и обвинет во случај на СЈО, како бара контакт со Вице Заев и се заканува ако не се заврши работата дека ќе крварат сите. Според она што се слуша од материјалот поставен на Јутјуб, се заканува дека доколку не дојде до договор ќе „бомбардира“ со материјали од Бугарија како Ким Јонг.

Шефе, ако не се смири топката дај да пробаме и да направиме некакво смирување и нешто со ВМРО-ДПМНЕ, они двајца со некакви двајца наши медијатори, странски, да се закопаат секирите сите, привидно да се глуми правда, они ќе изгубат, кај и да е ВМРО ќе дојдат.

Ако треба крв и крв. Имаш деца, имаш машко дете. Ќерка му е што ме боли к***т. И да не нема тоа е, ама нема да дозволам да ми го газат достоинството. Јас со Сашо Мијалков се расчистив.

Имаш ли некое влијани или не кај нив? Викни утре да се видиме и да се разбереме со Вице. Ќе крварат и они и ние

Ќе пуштам од Бугарија, како Ким Јонг. Па тепајте се во Македонија. И ќе оди се у п***у матер. И ќе дојде Мицкоски. И што праиме после? Треба крв до колена? Не се научија дека 30 години најпаметни Љупчо и Бранко испаднаа и после седнаа и се договорија, така беше?

Никој не знеме кој што има од тоа време. Јас што имам, значи сакам да ги рушам Заеви. Значи јас, сега видов, јас ќе бев во затвор, тоа нема да се деси. Што треба да претендирам да станам премиер да го добијам тоа, не ме интересира, остајте ме, не барам ништо, не барајте ништо.

Не е познато кој е соговорник и како е сниман разговорот. Снимките траат по десетина секунди.

1 Коментар

Коментирај